Најмалку едно лице загина, а 22 се повредени во руски ракетен напад врз Киев
Најмалку едно лице загина, а 22 се повредени во руски напад со балистички ракети извршен ноќеска врз украинскиот главен град Киев, соопштија денеска украинските власти.
Градската воена администрација соопшти дека е регистрирана штета во најмалку седум градски окрузи. Притоа загинала една жена, а најмалку 22 лица се повредени.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека две лица се извлечени од урнатините на срушен магацин. Во тек е спасувачка операција поради стравувањата дека под урнатините има уште затрупани.
Кличко додаде дека низ градот се регистрирани повеќе удари и материјална штета, при што избувнале и пожари. Според него, украинската противвоздушна одбрана била активирана за време на нападот.
Киев во последниот период често е цел на ракетни напади. Во нападите извршени во саботата загинаа најмалку девет лица, а повеќе од 30 беа повредени.
Украинските власти во повеќе наврати предупредија дека им се намалуваат резервите на пресретнувачки ракети за системите „Патриот“, што се користат за одбрана од балистички ракети

