Најмалку две француски екипи ќе играат во новата Супер лига
Foto

Најмалку две француски екипи ќе играат во новата Супер лига

Најмалку две француски екипи ќе играат секоја година во Супер лигата, јавија француски медиуми повикувајќи се на извор близок до клубовите кои го формираа новото натпреварување, не изнесувајќи, притоа, детали за кои екипи станува збор и врз кои принципи тие ќе бидат избирани.

-Во ова натпреварување секоја година ќе има најмалку два француски тима, изјави изворот.

Како што се наведува, една од претпоставките е дека победникот на француската Лига 1 ќе може да се квалификува за новото клупско натпреварување.

Дванаесет моќни европски фудбалски екипи доцна синоќа постигнаа договор за формирање на т.н Суперлига.

Зад проектот што жестоко го осуди УЕФА, најавувајќи, притоа, остри санкции, застанаа Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид, Јувентус, Милан, Интер, Арсенал, Тотенхем, Челзи, Манчестер сити и Манчестер јунајтед.

Новото натпреварување треба да стартува во август и треба да брои вкупно 20 екипи.

0 Коментари

Остави коментари