Најмалку двајца загинати и 12 повредени при експлозија на бомба во близина на Пирамидите во Гиза
Foto

Најмалку двајца загинати и 12 повредени при експлозија на бомба во близина на Пирамидите во Гиза

При експлозија на бомба поставена на пат во близина на Пирамидите од Гиза загинаа најмалку две лица, а 12 се повредени, соопшти египетското Министерство за внатрешни работи. Инцидентот се случил кога автобус со туристи налетал на рачно изработена бомба поставена на пат. Двајцата загинати и десетмина повредени се виетнамски државјани, а двајца од повредените се државјани на Египет. Меѓу повредените се и возачот на автобусот и туристичкиот водич.

0 Коментари

Остави коментари