Најмалку 63 загинати и 182 ранети во напад на бомбаш самоубиец во Кабул
Foto

Најмалку 63 загинати и 182 ранети во напад на бомбаш самоубиец во Кабул

Бомбаш самоубиец активира експлозив на свадба во Кабул при што загинаа најмалку 63 лица и 182 се ранети, изјави портпарол на авганистанското Министерство за внатрешни работи.

Меѓу жртвите има деца и жени.

Нападот бил извршен во сала за свадби во западниот дел од Кабул во шиитски кварт. Речиси 1.200 луѓе биле поканети за свадбата. Талибанците негираа дека се вмешани и го осудија нападот.

0 Коментари

Остави коментари