Најмалку 17 ученици загинаа во пожар во училиште во Кенија
Најмалку 17 ученици загинаа во пожар што избувна во училиште во централна Кенија во четвртокот вечерта, соопшти полицијата.
Се стравува дека бројот на загинати може да се зголеми бидејќи повеќе од десет други ученици се пренесени во болница со тешки изгореници, пишува Би-Би-Си.
Причината за пожарот во основното училиште во округот Ниери се уште се истражува, изјави портпаролката на полицијата Ресила Онјанго за локалните медиуми. Тим од истражители е распореден во училиштето за да ги утврдат околностите на несреќата, додаде таа.

