Најмалку 16 рудари загинаа во сообраќајна несреќа во Мексико
Foto

Најмалку 16 рудари загинаа во сообраќајна несреќа во Мексико

Најмалку шеснаесет лица загинаа, а 14 се повредени по директен судир меѓу автобус и комбе во близина на северозападниот мексикански град Каборка.

Несреќата се случила синоќа во близина на рудникот за злато Ноче Буена и двете возила превезувале работници во рудникот, соопшти јавниот обвинител на Сонора.

Сите 16 загинати патувале со комбето.

0 Коментари

Остави коментари