Најмалку 15 загинати, 20.000 куќи уништени, во поплавите во северниот дел на Кина
Foto

Најмалку 15 загинати, 20.000 куќи уништени, во поплавите во северниот дел на Кина

Најмалку 15 лица загинаа, а тројца се водат како исчезнати, во големите поплави кои ја зафатија кинеската провинција Шанси.

Како што објави кинеската државна телевизија, повеќе од 1,7 милиони луѓе се погодени од невремето, а околу 120.000 се евакуирани на безбедно.

Речиси 20.000 куќи се уништени, а околу 18.000 имаат посериозни штети.

Причинетата штета од поплавите се проценува на пет милијарди јуани (околу 775 милиони долари).

0 Коментари

Остави коментари