„НАЈКРАТКИ ДРАМИ НА СВЕТОТ“ ЗА ПЕНЗИЈА НА АКТЕРКАТА СНЕЖАНА КОНЕВСКА РУСИ

На сцената на МНТ во понеделник премиерно ќе биде поставена театарската претстава „Најкратки драми на светот“, работена според истоимената збирка кратки пиеси на театрологот Јован Ќирилов издадена пред 20 години. Според режисерот на претставата Трајче Ѓеоргиев , оваа драмска форма е интересна за работа како и за режисерот така и за публиката .

Долгогодишната соработка на режисерот и актер Трајче Георгиев и актерката Снежана Коневска Руси,се заокружува токму со оваа претстава , со која актерката официјално заминува во пензија.

За некого обична, за нас можеби необична, но сепак вистинска , вели актерката за пораката која ја пренесува претставата .

Покрај Снежана Коневски – Руси, во претставата играат и Габриела Петрушевска, Марија Новак, Нино Леви и Кире Ѓоревски, кои во понеделник на малата сцена во МНТ ќе ги оживеат „минијатурите“ пиеси на Муза Павлова, Шпиро, Каринти, Фридман и Чехов , кои од својата неконцизна основа го повикуваат хуморот како спас од вртлогот на безизлезноста и гротеската што неретко е опачина на слободата.