„Најголемите хитови“ - традиционален василичарски концерт во НОБ
Foto

„Најголемите хитови“ - традиционален василичарски концерт во НОБ

Иако ковид пандемијата ги промени и уметноста и културата, сепак и оваа година, македонската публика ужива во традиционалниот василичарски концерт, но под посебни рестриктивни мерки.

Големата концертна сала е полупразна сала со ограничен број на посетители кои задолжително мора да носат заштитни маски, почитувајќи ги здравствените протоколи предвидени за одржување на настани во затворен простор се одружува василичарскиот концерт.

Во салата на Националната опера и балет се обележани местата на кои ќе може да седнат посетителите, а ансамблот на НОБ оваа година ја нема можноста да ја забавува публиката надвор од класиката.

Најдобрите хитови изведени на досегашните концертите со симфониски аранжман оваа година се спојуваат во едно.

Публиката ќе има можност да ужива во популарните светски и македонски хитови во изведба на оперски и поп солисти, придружувани од оркестарот на Националната опера и балет под диригентската палка на Бисера Чадловска. 

Василичарскиот концерт за прв пат се одржа во 1993 година, и оттогаш се одржува секоја година, со цел да се прослави Старата Нова Година, станува збор за еден од најпосетените настани кај нас за кој секогаш се бара билет плус.

0 Коментари

Остави коментари