Најголем пораст на новозаразени од Ковид-19 во САД, повеќе од 50.000
Foto

Најголем пораст на новозаразени од Ковид-19 во САД, повеќе од 50.000

САД поставија уште еден црн дневен рекорд за бројот на нови случаи на коронавирус, повеќе од 50.700, се наведува во најновиот извештај на Универзитетот Џонс Хопкинс.

Најголем пораст на заразени има во јужниот и западниот дел на земјата, каде земјите повторно ги отворија своите економии.

Во Калифорнија од вчера, пак, повторно се затворени кафулињата, театрите и затворениот простор во рестораните, а ситуацијата во Аризона, каде едно од новите жаришта е Феникс, станува сè потешка и бројот на хоспитализирани пациенти расте.

Како што е најавено, затворањето во Калифорнија ќе биде на сила уште три недели.

Како што пренесуваат странските агенции, за ненадејниот пораст на бројот на пациенти делумно се виновни Американците кои не носат маски и не ги почитуваат правилата за физичка дистанца.

И покрај фактот дека САД имаат најмногу потврдени заразени и смртни случаи во светот, американскиот претседател Доналд Трамп смета дека тоа ќе исчезне. 

– Мислам дека тоа во одреден момент само ќе исчезне, се надевам, изјави Трамп за Фокс Бизнис.

0 Коментари

Остави коментари