Најава за замрзнување на цените и на јајцата и оризот
Оризот и јајцата ќе се најдат на листата на производии со замрзнати цени. Министерот за економија, Крешник Бектеши, најави дека листата на производи со замрзнати цени ќе се прошири, доколку се увиди дека цените во трговијата се зголемиле во текот на ноември.
Одлуката нема важи за денешните цени, туку за цените на прозводите кои биле формирани од страна на трговците од 1 декември.
Кристина Ампева од „Гласен текстилец“ за ТВ24 вели дека оваа мерка е задоцнета, бидејќи е донесена откако цените на производите веќе пораснаа. Според неа, листата на производи треба да биде дополнително зголемна, а МТСП заедно со министерството за економија треба да состават тим на експерти за навремено да се носат мерките.
Работодавачите ПАК сметаат дека замрзнувањето на цените на прехранбените производи е краткорочно решение. Ангела Димитров за ТВ24 вели дека оваа мерка не може на долг рок да донесе стабилизација на цените.
Владата пред два дена донесе одлука за замрзнување на цените на лебот, шеќерот, брашното, сончогледовото масло за јадење, млекото, свежо месо и сувомеснати произоводи, сирење и урда, на предлог на Министерстово за економија. Министерот за економија најави дека оваа одлука ќе важи до 31 јануари 2022 година.