Најава за нов штрајк на матичните лекари

На одбележување на 19 мај светскиот ден на семејните лекари, претседателот на Здружението на лекари по општа медиција Драган Ѓорѓиевски изјави дека ако не се прифатат барањата кои ги имаат: капитационен бод од 90 денари, промена на режимот на лекови и важење на препораките за хронична терапија, да се промени казнената политика, електронско здравство и да се променат буџетите за специјалисти и лаборатории не ја исклучуваат можноста и за повторен штрајк

Ѓорѓиевски посочува дека термините за лекување во последно време се се помалку и треба да се признае дека македонското здравство се соочува со се помалку специјалисти во секундарно ниво на здравствена заштита, а термините што се итни односно приоритетни голем дел од клиниките ги блокираат. 

тв 24 побара одговор од министерството за здравство, до каде се преговорите со матичните лекари, и дали министертсвото ќе одговори позитивно на барањата кои лекарите ги кажаа и јавно на штрајкот во април, но отаму нема одговор. 

Следната средба според најавите на лекарите треба да се случи на крајот на месецот, а од  резутатите од неа ќе зависи дали ќе има и нов штрајк.