Нафтена пресметка, цените на горивата под притисок
Цената на горивата остануваат исти и во следните седум дена. Најновата одлука на Регулаторната комнисија за енергетика е дека бензините ЕУРОСУПЕР 95 и 98 цата, дизел горивото и Екстра лесното масло за домаќинство ќе се продаваат по цените кои се утврдени на 5ти месецов.
Тоа значи дека 95ката и натаму ќе чини 98,5 денари за едно литро, 98цата 100,5 денари а пак цената на дизелот останува 97 денари за наточен еден литар дизел гориво. Единствено, нова цена ќе има само Мазутот кој поскапува за 2,1 денари за литар.
цени гориваЕУРОСУПЕР 95 - 98,5 денари
ЕУРОСУПЕР 98 100,5 денари
ЕУРОДИЗЕЛ 97 денари
Според пресметките, референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек: кај бензините за 1,5%, кај дизелот за 1,4%, кај екстра лесното масло за 1,4 % и кај мазутот има зголемување од 4 %. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 1,2%.
РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА
- Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 14.10.2026 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
Според очекувањата на познавачите на случувањата на берзанските движење на цените на суровата нафта, договорот кој го постигнаа, американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин за продажба на руски дизел на американскиот и глобалните пазари не значи дека горивото наскоро ќе стане поевтино, ниту дека притисоците врз глобалната понуда ќе бидат отстранети. Количините руски дизел што би можеле да стигнат до американскиот пазар се недоволни за значително намалување на цените. Информациите велат дека првата испорака на руски дизел треба да изнесува 300.000 тони, по што ќе следат количини од 500.000 тони, милион тони, а потенцијално и до три милиони тони, доколку Русија е во можност да ги обезбеди.
Пред неколку дена пак, цените на суровата нафта забележија силен раст на светските берзи, поттикнат од ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток, нападите врз танкери во Персискиот Залив и стравувањата од нова американска воена операција против Иран.

