Наезда на мистериозни бубачки во скопско Дивље ги исплаши жителите
Foto

Наезда на мистериозни бубачки во скопско Дивље ги исплаши жителите

Освен радоста, снегот оваа зима во село Дивлје донесе и наезда на инсекти од непозната природа.

Никогаш досега ваква слична појава не е забележана од страна на жителите, кои деновиве стравуваат, бидејќи не знаат дали овие инсекти носат опаснаст за нивното здравје. Ги има насекаде, низ целото село , велат, во домот сеуште не влегуваат но ги има во подрумските простории. 

Паниката помеѓу жителите на Дивље ја смируваат биолозите со кои исконтактиравме во текот на денот, велејќи дека станува збор за бескрилни инсекти кои може да бидат водни или сувоземни, а се распостранети насекаде низ Европа и светот, без опасни за човекот и животната средина. 

Појавата на колембеоли во Македонија во блиското минато не е забележанa, но зголемената влажност и високите температури во зимскиот период, наспрема сувата есен која оваа година ја имавме, се идеална подголга за нива појава.

0 Коментари

Остави коментари