Надворешно сценарио за уривање на безбедносниот систем или внатрешна скандалозна грешка?
Не стивнуваат реакциите во јавноста за случајот со директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски, односно дали истиот поседува фалсификуван сертификат за англиски јазик или не?
За дел од политичарите срамно е именувањето на Христивски за директор на АНБ доколку се докаже дека поседува фалсификуван сертификат, додека за дел Христовски е голем професионалец и нападот врз него не е само личен напад туку и напад врз националната агенција за безбедност кој на некои структури им одговара.
Додека се чека мислењето на антикрупциската за валдидсноста на документите , според лидерот на партијата Македонски Концепт Петар Богоевски, која е дел од владеачката коалиција, образованието на Христовски најпрво требало да помине низ ветинг. Богоевски за тв 24 оцени дека дека отворените прашања кои се уште се без институционален одговор нанесуваат штета .
Сомнежите за валдинста на сертификатот за англиски јазгик ги потвори бугарскиот портал фактор бг. Каде беше објевено дека Христовски, кој на функцијата беше назначен на 16 октомври, во официјалната биографија навел дека ТОЕФЛ положил во Пловдив, Бугарија, но на адресата која тој ја посочил не постои школа за изучување јазици.