Надлежните смируваат - цената на струјата нема да предизвика шок кај граѓаните

Понудите кои енергетските компании ги испратија на проверка кај РЕК се превискои и нереални и регулаторот најголоемиот дел од нив нема да ги прифати.

Следува период на дполнителна проверка на документацијата која е испратена до регулаторот со која енергетските компании бараат признавање на трошоци за нивното работење кое директно влијае врз цената на електричната енергија која што ја плаќаат граѓаните. 

Марко Бислимовски првиот човек на Регулатрорна комисија за енергетика  вели дека никогаш не дозволил ниту сега ќе дозволи ценовен шок на струјата 

„Да видиме по која цена најверојатно ЕСМ ќе понуди на универзалниот снабдувач па ќе имаме конкретни информации инаку такви големи поскапувања никогаш не биле прифатливи за регулаторната комисија за енергетика не не не не сме ги прифатиле ги гледаме но тоа нема да се случи  во секој случај.“ - вели Мицкоски.

Премиерот Христијан Мицкоски  вели дека должноста на владата е да обезбведи социјален мир и да работи во интерес на граѓаните.

„Ние сме влада која што треба да се грижи за стандардот на граѓаните и затоа нема да ги лажам граѓаните и да кажувам дека и покрај тоа што на берзите цената на електричната енергија е 100, 200, 300 евра за мегават час а тука граѓантие ја плаќаат помаљлку од 60 евра дека ние ја субвенционираме не, ние заедно со граѓантие работиме затоа што ние се грижиме за социјалниот карактер на државата и од тие причини не очекувам дека ќе има зголемување на цената на електричната енергија.“ - вели Мицкоски.

Кон крајот на годината треба да се донесе новата цена на електричната енергија за домаќинствата и малите компании, таа цена ќе важи за следните шест месеци односно до јули 2025година.