Надлежните си ја префрлаат одговорноста за санирање на потпорниот ѕид над Детската клиника
Надлежните си ја префрлаат одговорноста за санација на потпорниот ѕид кај Детската клиника. Од Град Скопје се изземаа од одговорност и посочија дека Општина Центар и Министерството за здравство се надлежни за овој проблем. Од Општина Центар пак велат дека ако било во нивна надлежност досега ќе го решеле проблемот и дека безбедноста и одржувањето на улицата „Белградска” е обврска на градските власти.
Центарот за управување со кризи предупредувал уште пред две години дека може да се сруши ѕидот , но никој не реагирал. Вчера дел од ѕидот заврши на улицата, а дел во дворот на Клиничкиот центар.