Надал загуби првпат по четири и пол месеци
Foto

Надал загуби првпат по четири и пол месеци

Рафаел Надал со пораз го почна финалниот АТП-турнир, во Лондон и тоа против ланскиот освојувач на пехарот, Александар Зверев. Германецот со руски корени го совлада Надал со 6-2, 6-4 што претставува негова прва победа во меѓусебните дуели по пет порази едноподруго.

За Надал, ова е прв пораз по пауза од четири месеци, односно од полуфиналето на Вимблдон, кога загуби од Роџер Федерер. Неговиот настап во Лондон беше под знак прашалник, поради повреда, а првиот натпревар не покажа баш дека Шпанецот е во идеална форма бидејќи играше под својот просек, не успевајќи да дојде до ниедна брејк-шанса, камо ли до нешто повеќе.

Претходно денеска, во ова прво коло од групата наречена Андре Агаси, Стефанос Циципас го победи Данил Медведев со 7-6, 6-4, па според системот на натпреварување во втората рунда ќе се сретнат поразените во еден меч, победниците во друг, Надал со Медведев, Циципас со Зверев. Утре на програмата се дуелите од другата група (Бјорн Борг), Ѓоковиќ - Тим и Федерер - Беретини.

0 Коментари

Остави коментари