Надал со загубен сет во полуфинале на Ролан Гарос
Foto

Надал со загубен сет во полуфинале на Ролан Гарос

Кралот на земјените терени и 13-кратен освојувач на Ролан Гарос, Шпанецот Рафаел Надал, обезбеди пласман во полуфиналето на Грен-слем турнирот во Париз, совладувајќи го денеска аргентинскиот тенисер Диего Шварцман со 6:3, 4:6, 6:4, 6:0 во натпревар кој траеше два часа и 48 минути.

Утеха за Шварцман во поразот е што стана првиот тенисер, кој ја прекина серијата на Надал од 38 последователни сетови освоени на Ролан Гарос.

Надал во полуфиналето ќе игра против победникот од натпреварот меѓу најдобриот светски тенисер, Србинот Новак Ѓоковиќ и Италијанецот Матео Беретини.

0 Коментари

Остави коментари