Над 60 загинати во поплави и свлечишта во Кина
Foto

Над 60 загинати во поплави и свлечишта во Кина

Најмалку 60 лица загинаа во поплави и свлечишта предизвикани од поројните дождови, што ги зафатија јужните делови на Кина, соопшти кинеската Комисија за справување со елементарни непогоди.

Според податоците на Комисијата, при поплавите и лизгањето на земјиштето биле урнати или оштетени околу 9.300 станбени објекти, а од погодените региони биле евакуирана над 356.000 лица.

Поплавите зафатиле 249 населени места во 44 општини, поплавувајќи подрачје на кое живеат над 4,5 милини лица.

Прелиминарните проценки за штетите од поплавите и свлечиштата изнесуваат околу 1,4 милијарди долари.

0 Коментари

Остави коментари