Над 30 пациенти во земјава живеат со механичка потпора на срцето, расте свеста за органодарителството
Мала машина во срцето приклучена на батерии или живот на батерии. Вака Боре Минов, член на Здружението „Храбро срце“ го опишува животот на повеќе од 30 пациенти со механичка потпора на срцето.
Најмалиот пациент е неколкумесечно бебе. Овие пациенти немаат едноставен живот и секоја недела имаат преврски, проверка на електрониката, контроли и еден куп лекарства.