Над 27.000 работници не зеле плата за мај

За три години, колку што се спроведува мерката МојДДВ, Управата за јавни приходи, на сметките на корисниците на апликацијата, исплати 4,2 милјарди денари, или близу 68,3 милиони евра.  Тоа се сериозни средства преку кои директно се подобруваат семејните буџети, се влијае врз зголемување на  бројот на издадени фискални сметки,  и намалување на сивата економија.  Ова денеска на прес конференција го истакна директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

Лукаревска информираше и дека околу 27.000 работници во земјава не добиле плата за мај.