Над 260 украински војници евакуирани од челичарницата во Мариупол

По неколку месечни интензивни борби, падна и последното упориште на украинците во Мариупол...Фабриката за челик, Ззовстал, од денеска е во рацете на руската армија откако борците од батањонот Азов, ги напуштија скривниците.

Неколку стотоци од украинските војници се предадоа и завшија во градови под копнтрола на Москва. Се очекува наскоро тие ќе бидат разменети со руски воени заробеници. Од Генералштабот на украинската армија велат дека војниците, кои со месеци беа заглавен во фабриката за челик, ја исполниле нивната задача. 

„За жал, Украина во моментов не може да го деблокира „Азовстал“ со воени средства. Војниците кои го бранеа градот се херои и засекогаш ќе останат во нашата историја.“ - велат од Генералштабот на армијата на Украина.

Во Азовстал се уште се останати украински војници, меѓутоа не е познато во колкав број...

„Бранителите на Мариупол ја извршија наредбата, и покрај сите тешкотии. 82 дена се бореа со силите на непријателот и и помогнаа на украинската армија да се прегрупира, да обучи повеќе војници и да добие оружје од земјите партнери.“ - изјави Денис Прокопенко командант на батањонит Азов.

Русија веќе го контртолира останатиот дел од Мариупол, стратешкиот пристанишен град кој претрпе катасрофални оштетувања во досегашниот дел од инвазијата...Во меѓувреме, бробите во Иисточна Украина се одвиваат со несмален интензитет а руската армија ја продолжува офанзивата за освојување на Донбас. Во изминатово деноноќие, Руската армија го нападнала и Лвов, во близина на границата со Полска..Во прекин се и мировните преговори меѓу Киев и Москва 

„Не, преговорите не продолжуваат. Украина практично се повлече од преговарачкиот процес.“ - изјави Андреј Руденко заменик-министерот за надворешни работи на Русија.

Шефицата на шведската дипломатија, Ан Линде денеска го потпиша барањето за влез во НАТО а и Финскиот парламент одлучува дали и тие ќе поднесат барање за членство во Алијансата. Руската инвазија доведе до радикална промената на ставовите на двете држави кои исплашени од можен напад врз нив, одлучија да ја напуштат децениската политика на воена неутралност.

„Се чини дека дојдовме до заклучок што е најдобро за Шведска. Не знаеме колку време ќе потрае, но сметаме дека може да потрае и до една година. Сега, оваа недела, апликацијата ќе биде поднесена, заедно со Финска, а потоа треба да ја процесира НАТО.“ - изјави Ан Линде – министер за надворешни работи на Шведска.

Засега единствен кој јавно кажа дека е против проширувањето на НАТО со двете скандинавски земји е Турција. Реџеп Таип Ердоган предупредува дека нема да дозволи Шведска и Финска да станат дел од алијасната и им порача на двете влади дека не мора ни да доаѓаат во Турција за да се обидат да ја убедат Анкара да го поддржи нивното барање.