Над 160 мртви во земјотресот во Колумбија со јачина од 7,4 степени по Рихтер

Вонредна состојба во Колумбија по силниот земјотрес со јачина од 7.4 степени кој ја погоди државата. Животот го загубија повеќе од 160 лица, додека спасувачките екипи и денеска продолжуваат со потрага по преживеани под урнатините.

2000 се водат како исчезнати. Земјотресот  предизвика големи разурнувања во повеќе градови. Во Переира, главниот град на најтешко погодениот регион, досега се потврдени 66 загинати а стотици се затрупани под урнатините. Уште 13 лица загинале во рурална област најблиска до епицентарот. Земјотресот бил почиствуван бил и во Еквадор, Венецуела и Панама. После првичниот потрес, следувале уште неколку, од кој најсилниот бил со магнитуда од 5 степени.

Марија Кастано – жителка на Колумбија

„Го видов предупредувањето кое стигна на телефон и веднаш почнав да викам дека има земјотрес. Од секунда во секунда стануваше се посилен.“ 

Едвин Армента – претседател на Црвен Крст на Колумбија

„Ова е еден од најсилните земјотреси кои ја погодија Колумбиуја во изминативе децении. Досега помош е помош е побарана од 6 региони кои се најтешко погодени. Се уште немаме целосни информации колкава е штатата бидејќи на многу места во прекин се телефонските врски и нема интернет. “

Големи штети претрпел и Кали..Во градот, кој е дом на  2.2 милиони жители, загинаа преку 80 лица а 200 се водат како исчезнати.. Десетици згради се целосно урнати или сериозно оштетени.

 Алехандро Едер – градоначалник на Кали

„Во моментов, најмалку 20 објекти се урнати а луѓе се заглавени под урнатините. Побарав помош од градоначалниците на Богота и Меделин, да испратат спасувачки екипи. Апелирам до жителите да останат смирени. “

Колумбискиот претседател Абелардо де ла Есприела, кој ја презеде функцијата пред само неколку дена, побара од спасувачките екипи да не се откажат се додека не ги извлечат сите кои се затрупани под урнатините. Најави и распоредување на припадници на безбедносните сили во најтешко погодените делови, по пријавените случаи на грабежи...Во Кали и Переира од синоќа на сила е полициски час. 

Абелардо де ла Есприела – претседател на Колумбија

„Првата цел на е да ги спасиме луѓето кои се под урнатините. Тоа е главен приоритет во моментов.“

Земјотресот во Колумбија доаѓа неполни 2 месеци по катастрофалните потреси кои ја погодија соседна Венецуела а во кои загинаа повеќе од 6 илјади луѓе а неколку илјади се уште се водат како исчезнати. Од почетокот на годината пак, ова е ова е десети земјотрес со јачина од над 7,0 степени според рихтер кој е регистриран некаде низ светот..Најсилниот, со магнитуда од 7.8 степени во Јуни ги погоди Филипините.