Над 15 000 килограми македонски црвен пипер со токсини завршил на Хрватскиот пазар - кој затаил?
Над 15 000 килограми македонски црвен пипер со токсини завршил на хрватскиот пазар. Од Државниот инспекторат за земјоделие за ТВ 24, велат дека извозникот на македонската ајварка не е производител. Зеленчукот со забранетиот пестицид го купил од индивидуални земјоделци.
Од инспекторатот информираа дека направените лабараториски анализи од извозникот, не покажале присуство на токсин во пиперките
Државен инспектор за земјоделие
- Но, официјалното известување добиено од Хрватска во земениот примерок утврдено е присуство на активна материја MethomilПратката со свежа црвена пиперка e извезена на 09.09.2025 г., а после извршената контрола која се врши на Граничниот премин при влез во Хрватска не е запрена, и на истата и е дозволен влез во Хрватска.
Откако беше пронајден токсичниот пестицид во македонските пиперки - Европскиот орган за безбедност на храната алармираше дека здравствениот ризик бил сериозен
Сомнежите на дел од експертите се дека метомилот најверојатно останал во залиха кај македонските земјоделци оти истиот е забранет од 2019 година. Апелираат на почитување на законите и безбедносните протоколи
Во неколку наврати во Хрватска и во дел од соседните земи откриени се забранети пестициди во свеж македонски зеленчук. Но, и покрај ваквата состојба со наши производи на странските пазари - Агенцијата за храна и ветеринарство тврди има поединечни инциденти, но генерално дома јадеме здрава храна
Анализите на хрватските власти во последниот случај покажале дека во македонските пиперки за ајвар имало 0,049 милиграми на килограм метомил. Пиперките не се вратени во Македонија но хрватските власти се уште без информација – дали зеленчукот е повлечен од продажба, уништен или веќе е изеден.

