Национално единство за најважните прашања – прва порака на новиот претседател на МАНУ, академик Попов
Партизацијата во институциите, обидите за злоупотреба на балансерот, нефункционалниот правосуден систем и селективната правда беа само дел од низата критики кои денеска претседателот на МАНУ Живко Попов ги упати кон македонското општество на кои би требало да се обрне посебно внимание, посебно затоа што случувањата во државава се постојано тема за критика во сите годишни извештаи на ЕУ.
Попов посебно ги нагласи жртвите кои Македонија ги направи со цел влез во ЕУ и потенцирајќи дека штетите од референдумот се евидентни и се уште траат.
Попов реагира и дека мора да се престане со злоупотреба на европското знаменце при донесување на законите без дебата во Собранието, но најповеже од се го искритикува менаџирањето на Универзитетскиот клинички центар.
Издавањето на Македонската енциклопедија останува и понатаму нереализиран проект, и само Македонија е единствена од земјите во регионот кои немаат сопствена енциклопедија.