Националниот совет за евроинтеграции ќе расправа за пристапувањето во ЕУ
Foto

Националниот совет за евроинтеграции ќе расправа за пристапувањето во ЕУ

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седница ќе одржи Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за финансирање и буџет.

Како што се наведува на веб страницата на Собранието, тема на НСЕИ се очекувањата и перспективите во процесот на пристапување во ЕУ.

На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет е Предлог законот за изменување на Законот за данок на добивка, по скратена постапка, во второ читање, поднесен од пратениците Диме Велковски, Чедомир Саздовски и Мирослав Јовановиќ.

0 Коментари

Остави коментари