Националната стратегија за конфискација на имот 2021-2023
Foto

Националната стратегија за конфискација на имот 2021-2023

Ако пратениците не прават опструкции тогаш до крајот на годинава ќе бидат донесени 250 закони со кои на 1304 институции ќе им биде наложено комплетно да се дигитализираат со што ќе биде исполнет главниот услов за водење на ефикасни финансиски истраги, а со тоа и конфискација на нелегално стекнати имоти, изјави денеска заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата, Љупчо Николовски по претставувањето Стратегијата за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот.  

Директорот на финансиката полиција, Арафат Муареми пак, признава дека јавна тајна е дека во Македонија се пријавува само легално стекнатиот имот и тешко е да се истражува незаконски стекнатиот имот кој се запишува на име на роднини, пријатели или соработници. Според него, проблемот го гледа во немањето Закон за потекло на имот. 

Муареми денеска објави дека за четири години финансиската полиција спровела 500 истраги против луѓе и фирми и дека во соработка со јавното обвинителство биле поднесени кривични пријави. Но за Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески ваквата бројка не значи дека и обвинителството мора да постапува по сите овие пријави.

Тој тврди дека обвинителството и досега, ако има докази, пред судовите барало конфискација на имот а ако тоа не било сторено, тогаш обвинителите, вели Јовески треба да понесат одговорност. 

Според податоците на МВР, Единицата за финансиски истраги и полицајците од Одделот за криминалистичка полиција, во моментов водат финансиски истраги против 67 граѓани и 16 фирми.

0 Коментари

Остави коментари