Националната мрежа против насилство врз жени бара најстрога казна за убиецот од Кочани

Најстрога казна за сторителот на убиството во Кочани, кое се случи пред два дена, кога маж со 40 убоди со нож ја уби својата поранешна партнерка, бара Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.
 
Оттаму, потсетуваат и на двојно убиство во Куманово, кога сопруг си ја убил својата сопруга и нејзината мајка, а потоа се самоуби, што заедно со случајот во Кочани, се три фемициди извршени во еден месец, на кои им претходело долгогодишно семејно насилство кое било пријавувано во полиција.
 
- Бараме да се поведе постапка за испитување на одговорноста на службените лица, во врска со двата случаи, кои не постапиле навремено и чиешто непрофесионално работење доведе до смрт на три жени. По спроведената постапка за утврдување одговорност, очекуваме службените лица да бидат соодветно санкционирани, подвлекуваат од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.