Национална конференција „Заедно за превенција против родово базирано насилство“
Foto

Национална конференција „Заедно за превенција против родово базирано насилство“

Центарот за граѓанска иницијатива – Прилеп денеска во Скопје ќе одржи Национална конференција „Заедно за превенција против родово базирано насилство“, во рамки на проектот „Акции против родово базирано насилство кај ромски и други маргинализирани заедници“.

Како што соопштуваат организаторите, на конференцијата предвидено е учество на релевантни учесници од проектот, Министерство за труд и социјална политика, од Центри за социјална работа, од Народниот правобранител, општински претставници, претставници од граѓански организации и меѓународни организации кои работат на човекови права.

 

Конференцијата е финансирана од Германската Амбасада во Скопје.

0 Коментари

Остави коментари