На завршницата од изборната кампања се разгорува реториката власт - опозиција
ДУИ по изборите ќе биде поразена и ќе се занимава со вантрепартиски избори наместо со предвремени парламентарни вака премиерот Мицкоски денеска повторно одговори на прозивките кои доаѓаат од ДУИ кои веќе извесен период најавуваа дека овие локални избори ќе бидат референдум за предвремените парламентарни.
Мицкоски и денеска со порака до албанскиот опозициски блок дека најавите за предвремени парламентарни се само дел од нивниот политички фолклор во отсуство на попродуктивни идеи .
Интегративците пак и денеска од партиското седиште од Чаир порачаа дека - секој оној што се обидува да ги поткопува правата на албанците во земјата ги поткопува и темелите на државата . Му вратија на Мицкоски дека на овие избори настапувале со програма и визија за како што велат да се врателе вистинските вредности на државата .
Вчера реагираше и опозициската СДСМ дека премиерот Мицкоски не е конзистентен во своите ставови и дека во рок од само една недела неколку пати ретерира со прашањето дали ќе има или не предвремени парламентарни избори откако пред некој ден на новинарско прашање не ги отфрли како можна опција а вчера пак им порача на ДУИ дека можат и тие да се воздржат да останат во опозиција до следните парламентарни избори .

