На туристичките центри итно им е потребна стратегија за „живот 12 месеци во годината“ велат младинските активисти
Три месеци преполн плоштад, раздвижени улици и кафулиња во кои се бара место повеќе. Но, кога ќе стивне летниот шпиц, нашите туристички центри буквално потонуваат во летаргија. Сезонскиот туризам носи брза заработка, но остава долги месеци празнина која сè почесто ја пополнуваат автобусите што ги носат младите надвор од земјава.Економијата „од сезона за сезона“ веќе не е доволна за да ги задржи младите професионалци. Без сигурност во текот на целата година, тие се принудени да бараат подобра живеачка надвор. На туристичките центри итно им е потребна стратегија за „живот 12 месеци во годината“ велат младинските активисти.
Вахид Мехмед граѓански активист: Проблемот не е само во недостигот на работа, туку и во начинот на кој се третираат оние кои инвестирале во своето образование. Со години, високообразовниот кадар во туристичките центри е жртва на системска неинтегрираност.
Овие појави веќе одамна не се само економски – туку демографски и егзистенцијален проблем . Додека државата и локалните власти со години дебатираат за стратегии кои остануваат само на хартија, времето тече а иселувањето на младите веќе не е процес што може да се запре со козметички мерки и тримесечни сезонски заработки.

