На тромеѓе Србија-Македонија-Бугарија лежат тони злато?
Foto

На тромеѓе Србија-Македонија-Бугарија лежат тони злато?

Канадската фирма „Медголд“ уште од порано наговестува дека во Јужна Србија има наоѓалишта на племенити метали.

Српски „Новости“ пишува дека на самата граница (тромеѓето) Србија-Бугарија-Македонија има големи количини на злато.

Фирмата информира дека на само една локација пронашле околу 7 милиони тони руда, со околу 680.000 унци, односно 19,3 тони злато вредно повеќе од милијарда долари. 

Испитувањата продолжуваат.

 

0 Коментари

Остави коментари