На трасата на БРТ линијата и скопската железничка линија

Проектот „Градски воз“ и БРТ треба да нудат комбиниран транспорт и алтернатива за граѓаните во Скопје велат од здружение на граѓани за одржлив развој и заштита на животната средина Гоу грин.

Тие денеска организираа тура за да го прикажат комбинираниот транспорт ос автобус и воз. Истата тура е дел од Конференцијата „Traffic for All – Skopje“ која има за цел да отвори поширока дебата за иднината на урбаната мобилност во главниот град и можностите за создавање побрз, поефикасен и поодржлив систем на јавен превоз.  

Велат дека градскиот воз е значаен за Скопје и да воспостави систем на поврзување на градскиот и приградскиот сообраќај особено со општините велат од Железници инфраструктура, појаснуваат дека целта е граѓаните да го користат јавниот превоз.  

Од Македонски железници велат дека железницата е најбрз и најмасовен превоз и дека идејата за градски превоз ќе придонесе за побрз трансфер на луѓето од една до друга локација во градот Скопје од 1 септември.  

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски на последната седница на Советот на Град Скопје на 9 јуни, одговарајќи на советнички прашања кажа дека проектот ќе се реализира, нема откажување од него и дека се подготвува документацијата за распишување на тендерот.