На терапија
Foto

На терапија

Дејствието на серијата се одвива околу приватниот и професионалниот живот на психотерапевт кој во текот на петте работни дена работи со своите пациенти на нивните проблеми, за во слободното време и самиот да побара стручна психијатриска помош. Секоја епизода е фокусирана на ликот на одреден пациент и неговиот однос со главниот лик: суицидална пливачка на тинејџерски години; професионален војник кој ги преиспитува своите постапки; жена која има еротска фиксација кон терапевтот; брачен пар кој не може да се соочи со обврските на родителство; како и сопругата на психотерапевтот која се обидува да го спаси нивниот брак кој е во криза.

Д-р Виктор Терзиев - е психотерапевт и сопственик на приватнa ординациja за психотерапија во Скопје. Образованието го стекнал на Институтот за психологија на Филозофскиот факултет во Скопје, каде што и докторирал на клиничка психологија. Потоа стажира во Психијатриската болница Скопје во Бардовци.Праксата на д-р Терзиев се темели врз убедувањето дека за да му помогне на пациентот, психотерапевтот треба да ја избрише границата која постои за време на терапијата со лична грижа за доброто на пациентот.

Милена -  е многу повеќе од анестезиолог и атрактивна девојка од "внатрешноста". Таа е анксиозно депресивна, која бара татковска фигура, а за која дијапазонот на ликови кои и се пуштаат варира од Монти Пајтон до World War Z. Можеби сите мислат кој кревет да го фатат, но таа ќе мисли само на еден кауч - каучот на доктор Терзиев, во кого несвесно ќе се заљуби.

Зана - современа и амбициозна жена, сопруга на Гент и мајка на едно дете. Ако сопругот е како отворена книга, таа е како дненвик заклучен со катанец.

Гент - натпросечно интелигентен, но подпросечно речит. Грижлив родител, но има проблеми со сопругата Зана.

Ивана - олимписка пливачка надеж чија надеж полека, но сигурно тоне. Ивана е само една жртва од пропаднат брак на своите родители, која спасот од семејните проблеми го побарала во спортот. Се вљубила во својот тренер, но поради тоа што таа врска не може да опстои, таа се обидела да се самоубие. 

Владо - е човек кој стекнал и искажува огромна дисциплина, тој е дефанзивно арогантен, но има проблем со одговорност. Го прогонува минатото кое му создава немир и грижа на совест, а на неговата психа влијаело и детството во кое бил оставен од родителите.

Д-р Вера Арсиќ -  е психијатар, активист и некогашен ментор на д-р Виктор Терзиев.

0 Коментари

Остави коментари