На Струмица, по неквалитетна вода за пиење ѝ се приклучи и Гостивар – АХВ издаде забрана за користење!

И Гостивар и се приклучи на Струмица по небезбедноста на водата за пиење. Од АХВ велат причина е детектираното зголемено присуство на манган над дозволените максимални граници. 

Градоначалникот на Гостивар Ваљбон Лимани вели дека очекува нова анализа од Центарот за јавно здравје – Скопје откако анализите направени во две различни лаборатории покажале контрадикторни резултати. Добиените вредности од приватна компанија која ги врши анализите за ГОСТИВАРСКИОТ „Комуналец„ покажале дека водата не е за пиење, додека тие од Центарот за Јавно здравје – Гостивар, покажале дека водата е безбедна. 

А, веќе втора недела жителите на Струмица се без чиста вода за пиење додека препукувањата помеѓу локалната и централна власт продолжуваат. По спроведен вонреден инспекциски надзор на акумулацијата Турија од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство, утврдено беше дека е контаминиран целиот систем -  филтер станицата, резервоарите и главната водоводна мрежа кои повеќе години не биле механички чистени ниту хиперхлорирани.  Од АХВ му наложија на ЈП „Комуналец„ Струмица да ги спроведе овие мерки за кои велат дека според Правилникот за барања на безбедност и квалитет на вода за пиење,  јавното комунално претпријатие има обврска тоа да го прави еднаш годишно, а за време на елементарни непогоди и зачестено. 

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, со спротивно тврдење. Тој на својата фејсбук страна објави дека  „Комуналец„ спровел истражување на целиот систем и нема детектирано никаков проблем, а АД Водостопанство и министерството за земјоделство се тие кои се надлежни за чистење на каналите. 

– Струмица спроведе истражување за примарната и секундарната водоводна мрежа, заедно со филтер станицата со сите процеси за прочистување на водата и согласно добиените резултати нема детектирано никаков проблем. Повторно укажувам дека проблем е техничката вода којашто ја купуваме од брана „Турија“, односно од АД „Водостопанство“. Ова Костадин Костадинов гоп објави по прес конференцијата на која го повика министерството за зермјоделие да ги исчисти каналите, кое според него е надлежност на министерството. 

И во Тетово во петокот беше утврдена загаденост на водата во изворите на Лешница по што следеа рестрикции. Но сега водата била безбедна за пиење. 

Најалармантна е состојбата со водата за пиење во Струмица. Додека надлежните на локално и на ценмтрално ниво си ја префрлаат топката, граѓаните и натаму мака мачат со отсуството на чиста вода.