На скопјанец му украле 800 000 евра, 60 000 долари, 50 000 франци и милион денари
Foto

На скопјанец му украле 800 000 евра, 60 000 долари, 50 000 франци и милион денари

На скопјанец вчера од дома му биле украдени 800 000 евра, 60 000 долари, 50 000 франци и милион денари.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера во СВР Скопје, лицето Ш.И.(58) од Скопје пријавило кражба во неговиот дом. Непознато лице насилно влегло во куќата и од една од собите ги одзело парите кои биле во три кеси. Мвр презема мерки за расчистување на случајот.

0 Коментари

Остави коментари