На „Скендербег“ положени венци за оддавање почит на загинатите во автобуската трагедија

На плоштадот „Скендербег“ се положени венци за оддавање почит на загинатите во автобуската трагедија. Од министерството за надворешни работи од претходно известија дека на барање на семејствата на загинатите, откажана е поворката која требаше да помине низ главниот град.