На семејството Автароски од струшко Ливадишта им е потребна итна помош за санација на изгорениот дом
Семејството Автароски од струшко Ливадишта преку ноќ остана без својот дом,откако силен пожар до пепел им го изгоре живеалиштето кој таткото Сашо го градел макотрпно десет години.После година и половина откако се вселиле им се случува оваа трагедија.За среќа никој од членовите на семејството не е повреден иако пожарот избувнал некаде на полноќ додека тој бил трета смена на работа.Децата истрчале веднаш надвор и повикале пожарна, пламените јазици за неколку минути го проголтале целиот спрат од куќата а во пожарот како резултат на струен удар се повредиле тројца пожарникари.
Сашо работи како обезбедување, татко е на двe деца,едното малолетно и не е во можност сам да ја среди штетата. Апелира до сите хумани граѓани и институции колку што се во можност да му помогнат да ја реновира куќата пред да дојде зимата.
Во меѓувреме Автароски престојуваат кај роднини и пријатели но секаква помош од добронамерници е добредојдена.Достапна е и жиро сметка на која може да се донираат финансиски средства за помош на ова семејство кое ги живее најтешките денови.