На работа се враќаат родителите чии деца се веќе на распуст
Foto

На работа се враќаат родителите чии деца се веќе на распуст

15 јули е прогласен за неработен ден и нема да се одработува, се враќаат во работен процес вработените во институциите надлежни за спроведување на работниот процес. 

На денешната седница, Владата го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести, со кој од категориите на лица кои се ослободени од работа и работни активности - родителите на деца до 10-годишна возраст, во овој период да се вратат на работните места само родителите на децата кои одат во училиште, имајќи предвид дека учебната 2019/2020 година е завршена. 

Владата одлучи да се вратат на работа и вработените во институциите кои имаат зголемен обем на работа поради изборниот процес. 

„Институциите кои за време на претстојните предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија имаат зголемен обем на работа поврзана со изборниот процес, како на пример Основниот и Вишиот управен суд и Државната изборна комисија да ги вратат во редовен работен процес вработените лица во овие институции кои по различни основи се опфатени и ослободени од работни активности со мерките и препораките на Владата за активностите во изборниот период.“

На денешната седница Владата го утврди Протоколот за работа на Дневните центри за деца и лица со попреченост во услови на епидемија со коронавирусот.Министерството за труд и социјална политика, го подготви протоколот кој се заснова на одлуките, препораките, одредбите и протоколите на Министерството за здравство и Државниот санитарен и здравствен инспекторат за започнувањето со работа на дневните центри.

0 Коментари

Остави коментари