На повидок лозарско-винарско криза
Foto

На повидок лозарско-винарско криза

Доколку итно не се превземат потребните мерки за подобрување на откупните цени на грозјето, на повидок е лозарско – винарска катастрофа во Тиквешијата но и во останатите лозарски региони во државата а тоа ќе биде и крај на лозарската приказна – реагираа од здружението напредни лозари.

Порачаа дека со најниска откупна цена се произведуваат скапи вина. Лозарите во нивниот проглас велат дека сегашните откупни цени на грозјето во земјава не се најниски во регионот, туку се најниски во целиот свет и истите се апсурдни, ропски и нехумани. Тие им посочуваат на сопствениците на винариите и поголемите откупувачи на грозје дека сегашните откупни цени ги уништуваат лозаропроизводителите.

Лозарите додаваат дека секоја цена помала од 25 денари за килограм откупено грозје за најевтината сорта со долна граница на шеќерност од 16 шеќерни единици е понижувачки мала и е своевиден зулум врз маката и трудот на секој лозаропроизводител. За високосортните видови на грозје и за трпезното грозје цената не смее да биде помала од 40 денари по откупен килограм грозје.” – потенцираат од здружението и додаваат дека доколку не се изнајде компромис за нивната ситуација, ќе биде пристапено кон радикализирање на нивните барања.

0 Коментари

Остави коментари