На „Охридско лето“ концерт на македонските уметници Климент Тодороски на виолина и Марија Вршкова на пијано

Музичката програма на годинешното 64. издание на фестивалот „Охридско лето“ продолжува со настап на македонски уметници, со целовечерен концерт на Климент Тодороски на виолина и Марија Вршкова на пијано.

На програмата на концертот што ќе се одржи во црквата „Света Софија“ од 21 часот се избрани дела на Григ, Римски-Корсаков и Фролов.