На Охридскиот аеродром приведени турски државјани со фалсификувани израелски пасоши
Foto

На Охридскиот аеродром приведени турски државјани со фалсификувани израелски пасоши

Девет турски државјани меѓу кои и две деца со фалсификувани израелски пасоши се обиделе да го напуштат Охридскиот аеродром Свети Апостол Павле. Контролните служби ги откриле кога лицата ги презентирале патните исправи за летот Охрид – Лутон.Според информациите од Обвинителството кое за повеќето побара мерка притвор, шест од осомничените со двете деца влегле во државава во текот на вчерашниот ден, од Република Албанија преку граничниот премин Ќафасан, а еден од осомничените  влегол на 19 јануари преку граничниот премин Богородица од Република Бугарија.Од МВР информираат дека при претресот во патните торби биле откриени и нивните оригинални пасоши кои потврдуваат дека се работи за турски државјани.

„Вчера во 10,00 часот на Граничниот премин “Свети Апостол Павле“ на излез од РСМ, од Охрид се пријавиле да патуваат Л.Д.(32), Л.М.(31), Н.Н.З.(32), Н.К.(19), Н.М.(45), Н.А.(47), Н.Х.(24) и двајца малолетници на возраст од шест и 14 години, сите во роднинска врска со израелски патни исправи. Од извршените проверки било константирано дека патните исправи биле фалсификувани. При преглед во нивните патни торби биле пронајдени нивните оргинални патни исправи при што билe утврдено дека биле турски државјани: Ц.M.A.(33), Ц.M.B.(31), M.M.(33), Б.Б.Б.(19), Б.С.(45) Б.M.(47), Г.M.(24) и двајца малолетници на возраст од шест и 14 години.“

Од Основното јавно обвинителство Охрид додаваат дека кон седумте лица понатаму ќе се постапува за сторено кривично дело Фалсификување исправа. Јавниот обвинител до Основниот суд Охрид доставил предлог за определување на мерката притвор за петмина од осомничените, додека за две лица, мајки на децата, побарал судот да определи мерки за претпазливост – одземање на патните исправи.

0 Коментари

Остави коментари