На Мицкоски минувачи на улица му кажувале дека се против предвремени параламентрани избори

Христијан Мицкоски ќе оди на парламентрани избори, доколку изгуби на локални. Премиерот денеска со порака до лидерот на ДУИ - дека избори се во фокусот на ВМРО-ДПМНЕ, но само по евентуален пораз на локалните избори. Тој денеска сликовито раскажа како како што вели дури граѓаните на улица биле против избори. 

- Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори и тоа е јасно и сите анкети тоа го покажуваат. Дури има минувачи што на улица ме среќаваат и самите кажуваат дека повторно вас ќе ве гласаме. Јас разбирам дека некои од опозициските партии мислат дека на тој начин ќе привлечат поголемо.Следната година имаме локални избори, граѓаните ќе кажат дали се потребни и парламентарни избори. Ако се потребни може веднаш потоа да организираме и парламентарни избори. Ако тие речат црвен картон има ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, ако ги изгласаат градоначалниците на ДУИ и на СДСМ, тогаш јасна е пораката. - рече Мицкоски.

Али Ахмети пак  чека премиерот да си го исполни зборот. Лидерот на ДУИ од Кичево му порача на Мицкоски дека неговата понуда за избори е сфатена сериозно во Мала Речица . Тој од собирот со граѓани вели дека меѓународниот фактор бил загрижен з акако што рече кршењето на Охридскиот договор и пренмиерот тоа го знаел.

- Христијан Мицкоски на пратенички прашања отворено кажа „повелете да одиме на избори“. Јас го држам за збор, во октомври 2025 година со локалните да одиме и на вонредни парламентарни избори. - Али Ахмети.

Од Вреди пак повторно му порачаа на лидерот на ДУИ да се помири дека е опозиција. Предвремени парламентарни избори не се во фокусот на четворката Таравари, Меџити, Ибрахими и Касами.

Од Бихаќка пак без коментар на денешната нова позиција на Мицкоски. Само повторуваат дека партијата била подготвена за избори.