На местото на потпишувањето на Преспанскиот договор, идната година ќе се гради мултимедијален центар
Foto

На местото на потпишувањето на Преспанскиот договор, идната година ќе се гради мултимедијален центар

Со средства од еу преку ипа 3 програмата во преспа, местото каде се потпиша Преспанскиот договор, идната година ќе се гради мултимедијален центар во чиј простор ќе биде лоциран и преспа форум за дијалог – бренд кој ќе биде препознатлив за државата.

Според властите, основањето на преспа форумот за дијалог ќе претставува своевиден меѓународен форум за дијалог, соработка и решавање на меѓународни спорови, низ призмата на историскиот успех на Преспанскиот договор.

Центарот не е само за преспа форумот за дијалог, тој би бил функционален и преку целата година за да може невладини организации, медиуми, стопански комори и многу други чинители во општество да можат да ги користат тие простории за активности и иницијативи.

0 Коментари

Остави коментари