На македонското мени месо од Бразил, сирење од Германија и грав од Киргистан

Според податоците на Здружение за земјоделство и прехранбена индустрија при Стопанската комора, земјоделството и прехранбената индустрија учествуваат со 18% во БДП и вработуваат околу 10% од вработените. 

Но статистиката покажува дека увозот на храна од 2014 до 2024 година пораснал за над 88%, достигнувајќи околу 976 милиони евра во 2023 година. Ова значи пад на обработливите површини и сточарството и ризик од губење на суверенитетот врз храната.