На хуманитарен пикник на „Алкалоид“ собрани над 1,8 милиони денари наменети за Црвениот крст на град Скопје
Повеќе од 1,8 милиони денари во Фондацијата „Трајче Мукаетов“ донираа вработените во „Алкалоид“ АД Скопје, членовите на нивните семејства и нивните пријатели, за што добија специјално дизајнирана маичка.
Компанијата средствата ги донира на Црвениот крст на град Скопје. Ова го истакна генералниот директор на „Алкалоид“ АД Скопје, Живко Мукаетов на 11-тиот по ред Хуманитарен пикник, што го организира оваа фармацевтска компанија.
Секретарот на Црвениот крст на град Скопје, Сузана Тунева Пауновска рече дека донацијата која ја добива Црвениот крст на град Скопје е нешто што е многу важно.

