На итна седница ќе биде назначен в.д. Државен обвинител

Советот на јавни обвинители на итна седница ќе избере вршител на должност државен јавен обвинител, по оставката на Љупчо Коцевски.

Претседателот на Советот, Башким Бесими информира дека ја очекува информацијата од Собранието дека е констатирана оставката на досегашниот републички обвинител Коцевски. Штом пристигне, тој веднаш ќе свика итна седница на која ќе именуваат вршител на должност на функцијата, кој ќе остане на таа позиција до изборот на нов.

Според Законот за јавно обвинителство, Собранието треба да распише оглас за избор на државен обвинител веднаш штом се упразни местото. Додека траат роковите од огласот, функцијата ја врши вршител на должноста, кого Советот на јавни обвинители треба да го назначи од редовите на републичките обвинители.