На ИО и ЦО на СДСМ ќе се дискутира за начинот и продолжувањето на дискусиите и разговорите со ВМРО-ДПМНЕ
Начинот и натамошниот тек на преговорите со ВМРО-ДПМНЕ вечерва на Извршен и Централен одбор на Бихаќка.
И денеска од партиското седиште преку пресконференција велат ова доаѓа како резултат на променетиот став на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски кој прифатил да биде дел од владата но без интегративците но и како ќе се продолжи начинот за преговори околу уставните измени.
Од ВМРО-ДПМНЕ пак денеска велат не знаат зошто и по кој повод Ковачевски свикува состанок на највисоките партиски тела кога тие ги одбиле неговите предлози и уште еднаш велат уставни измени под овие услови нема да прифатат а доколку би биле дел од власта ќе се погрижеле ДУИ подолго да биде во опозиција. Во одлуката на Ковачевски за вечерашното свикување на Извршен и Централен препознаваат само нервоза.
Во меѓувреме пак дел од помалите коалициски партнери преку сопштенија и изјави го поздравија како што велат приближувањето на ставовите помеѓу двајцата лидери иако како што велат постојат се уште разлики кои треба да се пеглаат.
Дел и од ескпертската јавност пак ја поздрави одлуката на ДУИ кои изразија спремност да излезат од владата само доколку се гласаат уставните измени а пак во краток телефонски разговор за ТВ 24 дел од огнените велат дека не биле консултирани за оваа одлука на интегративците.