На инфективното одделение во Струмица веќе нема места за прием и лекување на пациенти
Foto

На инфективното одделение во Струмица веќе нема места за прием и лекување на пациенти

Струмичката болница ќе опремува дополнителен простор за сместување на заболени од ковид 19 оти капацитетот на инфективното одделение е полн.

Зголемениот број на инфицирани лица со коронавирус  последниве денови во Струмица предизвика  сите 15 кревети да бидат постојано полни со пациенти. Оние со потешка клиничка слика се препраќаат во Скопје.

Со оглед дека се чувствува потреба директорот Гогов најави  адаптирање на простор во новиот болнички крак за да се лекуваат пациенти со ковид 19 кои имат полесна сиптоми.

Во Струмица деновиве излезе и првиот позитивен случај од детската градинка заради што цела група до 11 деца со две воситувачки се ставени во изолација. 5 годишното дете е дел од семеен кластер кое на градинка било само три дена а ова недела воопшто и не било донесено. Директорот Бубев тврди дека се превземни сите мерки според Протоколот за работа.

Струмица деновиве станува ново жаритеште со оглед дека бројката на заболени од ковид 19 постојано се зголемува. Во групата на инфицирари не се само повозрасни туку и млади лица на возраст од 15 до 30 години тврдат лекарите кои причините ги гледаат во непочитување намерките.

0 Коментари

Остави коментари